Вкупно 497 ученици се запишале во прва година во четирите велешки средни училишта во учебната 2020/2021 година. Дека средните училишта од Велес се атрактивни и за жителите на другите општини, покажува фактот што во јуни годинава во Велес деветто одделение завршиле 446 ученици, а во јунскиот уписен рок, во прва година се запишале педесеттрина ученици повеќе.
Во ССОУ „Коле Неделковски се запишани 215 ученици, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ се запишани 127, во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“се запишаа 102 ученици на македонски наставен јазик и 13 ученици на албански наставен јазик. Во ОСУ „Јовче Тесличков, се запишале 40 ученици во јунскиот уписен рок.
Текстот продолжува по рекламите
Досега е пополнета паралелката за Медицински сестри во „Димитрија Чуповски“ како и две паралелки со образовен профил Елктротехничар за компјутерска техника и автоматика во ССОУ „Коле Неделковски“.
Текстот продолжува по рекламите
Во паралелките за дуално образование во ССОУ „Коле Неделковски во образовниоѕт профил Автомеханичар и Заварувач се запишале 18 ученици и во образовниот профил Техничар за производно машинство се запишале 15 ученици.
Во паралелките за дуално образование во ССОУ „Димитрија Чуповски“ , во образовниот профил „месар“ и „пекар“ се запишани 7 ученици и во образовниот профил Техничар за заштита на животна средина 24 ученици.
Можеби ќе ве интересира: