Вкупно 47 пациенти се хоспитализирани на инфективното одделение во велешката болница. На 44 пациенти тестот за коронавирус покажал потврдни резултати, а тројца се водат како сомнителни случаи. Засега 17 пациенти имаат потешки симптоми на вирусот и добиваат кислородна поддршка. Капацитетот на одделението е 54 кревети.
Во моментов во Велес има 419 активни случани со коронавирус, а од почетокот на пандемијата досега со вирусот се заразија 815 велешани. Дури 447 од нив или околу 55% со ковид-19 се инфицираа во месец октомври, кога во болницата починаа и 13 пациенти.
Вчера беа регистирани 44 новозаразени велешани, а црниот рекорд Велес го достигна на 30 октомври, кога за едно деноноќие беа регистрирани 82 нови случаи. Досега со вирусот успеаја да се изборат 367 граѓани на Велес, а 29 велешани починаа како последица на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: