Ракометниот клуб Бисинов Фруитленд е клуб кој постои 10 години. Во овој краток временски интервал клубот оваа година постигна огромен успех со влез во ракометната Супер лига без ниту еден пораз, односно со максимален број на бодови, нешто што до сега ниту еден друг клуб не успеал да го направи.
Текстот продолжува под рекламата
Предводникот на тимот, Никола Бисинов се осврна на почетоците на постоењето на клубот, како и идните планови во наредниот период.
Текстот продолжува под рекламата
„И оваа натпреварувачка сезона вредно работевме и испадна многу успешна. Досега во првенството сме максимални, без ниту еден пораз или нерешен резултат. Како одминува првенството, така полека се подготвуваме за следната сезона, и мораме да признаеме дека со овој тим не можеме да парираме во Супер лигата. Кога ние би ги вратиле сите велешки играчи кои испаднале од мојата школа, Бисинов Фруитленд високо ќе котира во ракометната Супер лига следната сезона“, изјави Никола Бисинов, тренер на Бисинов Фруитленд.
Целото интервју можете да погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: