(ВИДЕО) Големо Коњари до победа во 86 минута, Борец и Превалец му дишат во врат

lokomotiva-golemo-konjari

Лидерот Големо Коњари потешко од очекувањата ја совлада Локомотив во Градско. Нерешено беше до 86 минута кога гостите со голот на Кире Наумоски го исвои трите бода.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешките преставници во Tретата фудбалска лига- Југ, Борец и Превалец, со победите во деветото коло против Марена и Бучин, се во борба за освојување на првото место. Борец со головите на Белмин Цамиќ, Тале Трајков и Милан Чичевски го совлада составот на Марена. Превалец на гостински терен немаше проблеми со последнопласираниот тим на Бучин совладувајќи го со 4:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На останатите натпревари Ултрас ремизираше со Младост Кривогаштани 1:1. Со ист резултат заврши натпреварот во Лажани помеѓу Слога и Питу Гули. Ова коло слободна беше екипата на Росоман.

По девет одиграни кола Големо Коњари е на чело на табелата со 21 бод, зад него е Превалец со 20 бода и Борец со 17 бода. Во следното коло Борец ќе го пречека Росоман, Превалец на домашен терен ќе ја пречека Слога, додека Големо Коњари ќе има лесна задача против последнопласираниот тим на Бучин.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: