Автомобил кој постојано вози на левата лента. Вакво видео синоќа стигнало до редакцијата „360 степени“.
Возачот на автомобилот за 360степени вели дека се движел на патот Кадрифаково – Свети Николе додека несовесниот возач, кој возел пред него, возел на погрешната лента. Вели дека за 15 минути можел да предизвика три сообраќајни несреќи.
„Пред неполн час на патот Кадрифаково – Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати три страшни сообраќајки. Велам, за среќа, бидејќи возачите од спротивина насока излегоа од патот за да не се удрат. Дали среќата го послужила возачот и наредниот период, не знам. Она што го знам е дека и по пријава во полиција, никој не се појави до моментот кога мојот и патото на совесниот шофер од сликите и видеото се разделија. Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи“, вели возачот за 360stepeni
Извор: 360stepeni
Можеби ќе ве интересира: