(ВИДЕО) Основен суд Велес го одбележа Европскиот ден на граѓанска правда

Osnoven sud Veles
Osnoven sud Veles

25-ти Октомври е Европски ден на граѓанска правда што секоја година се одбележува во сите држави на Европа.

Zito akcija 640x289px

Целта за негово одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да се запознаат со нејзиното спроведување.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области како и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла (пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки).

Содржината продолжува под рекламата

За таа цел, оваа година со оглед на актуелната состојба поврзана со вирусот Ковид 19, Основниот суд Велес во соработка со сите средни и основни училишта во општината организираше одбележувањето на Европскиот ден на правдата 25.10.2021 година за најмладите сограѓани да се изведе со активности во училиштата кои содржат: визулена посета на судот преку видео запис, презентација за значењето на овој ден, надлежноста, организацијата и историјатот на Основниот суд Велес, како и со презентација за вовед на правото на правична судска постапка согласно член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права, кои ќе бидат објавени на веб страните на училиштата.

Покрај тоа, Основниот суд Велес на својата веб страна ќе ги стави достапни за секој граѓанин истите електронски материјали како би можеле сите заинтересирани граѓани да се доближат до правдата и се запознаат со нивните основни права.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: