Новото засилување во редовите на Борец 1919, Стојан Петковски, кој дојде од актуелниот победник на Купот на Македонија, Тиквеш, даде свое видување за првиот натпревар во првенството против екипата на Башкими, како и за очекувањата во сезоната.
Содржината продолжува под рекламата
„Нашите очекувања оваа сезона се да бидеме над средината на табелата, но добро знаете дека за таа Втора лига е најбитен почетокот, така да како ќе започнеш, така ќе продолжи во текот на сезоната. Ние се надеваме на позитивен резултат. Нашиот 12 играч, публиката да дојде во што помасовен број и заедно да оствариме добар резултат“, изјави Стојан Петковски, фудбалер на Борец 1919.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот против Башкими требаше да се одигра во саботата, но поради технички причини е презакажан за денес со почеток од 17 часот.
Можеби ќе ве интересира: