Вчера се одигра четвртото коло во третата фудбалска лига Југ. Превалец го доби дерби против екипата на Вардар од Неготино со резултат 3 : 0. Стрелци на головите беа Бране Петрушев, Кристијан Маневски и Пеце Стојанов.
Со победа екипата на ФК Превалец се искачи на втората позиција, веднаш зад екипата на Напредок од Крушеани.
Останатите две екипи од велешко Локомотива од Градско и Илинден од Башино село беа поразени на гостински терен.
Ново Црнилиште – Братство 3 : 1
Младост – Големо Коњари 4 : 1
Динамо – Обршани 2 : 1
Превалец – Вардар Неготино 3 : 0
Дојранско езеро – Илинден БС 6 : 1
Младост – Марена 4 : 1
Напредок – Локомотива 1 : 0
Габер – Питу Гули 0 : 3
Головите од натпреварот Превалец – Вардар Неготино можете да ги погледнете овде:
Можеби ќе ве интересира: