Фудбалерите на Превалец со победа ја отворија пролетната полусезона во Tретата фудбалска лига – Југ. На гостувањето во Градско тие беа подобри од домаќинот Локомотива со резултат 1:2.
Резултатот го отвори Ристе Крстев во 37 минута од пенал. Во 56 минута Пеце Стојанов го зголеми водството, додека гостите само го ублажија поразот со голот на Петров Павле од пенал во 84 минута.
Содржината продолжува под рекламата
„Натпревар во кој одигравме подпросечно. Моравме и можеме повеќе и подобро. И лошиот терен придонесе за слабата игра од двете екипи. Имавме повеќе шанси за гол од кои искористивме две кои беа доволни за победа. Освоивме нови три бода во битката за висок пласман на крај од првенството“, изјави по натпреварот тренерот на фудбалскиот клуб Превалец Димче Маневски.
Во следното коло во Превалец гостува екипата на Вардар Неготино кој е лидер на табелата.
Можеби ќе ве интересира: