
Со голот на Ѓурѓевиќ во 90 минута Работнички го совлада Борец со 2:1. Иако фудбалерите на Борец во текот на целиот натпревар беа поконкретени, имаа и повеќе шанси за гол, па дури и беше во водство тие загубија.
Со голот на Адили во 82 минута, на која и претходеше големата грешка на домашниот голман Јанков, Борец дојде во водство. Само што се тргна од центар Јевтовски со гол од околу 16 метри го израмни резултатот.
И кога се очекуваше крај на натпреварот, по едена нафрлена топка во шеснаесетникот на Борец, Ѓурѓевиќ ја искористи несмасната интервенција на Ефремов и ја донесе победата на Работнички.
По ова коло Борец се наоѓа на шестата позиција со 33 бода. Следната недела во Велес гостува екипата на Струга Трим Љум.
Можеби ќе ве интересира: