(ВИДЕО) Со мандолини и пеење, Али Ахмети го прослави својот роденден

Ali Ahmeti se veseli
Ali Ahmeti se veseli

Првиот потпретседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети на кое тој пее албанска народна песна, во придружба на музичари со традиционални инструменти.

Zito akcija 640x289px

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината.

Agria

Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат!

Али Ахмети, со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“ – напиша Артан Груби на својот профил на Фејсбук.

Али Ахмети е роден на 4 јануари 1959 година во кичевското село Зајас, Република Македонија. Завршил гимназија во Кичево, а потоа и Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина, каде што дипломирал во 1983 година. Таму организирал студентски протести и бил апсен и осуден на едногодишна затворска казна. Во 1986 година добил политички азил во Швајцарија, каде што живеел до 2001 година и дејствувал како координатор на различни групи на албанската дијаспора.

Во 2001 година Ахмети е избран за врховен командант и политички претставник на УЧК (ОВК) во Македонија. По Охридскиот договор потпишан во август 2001 и распуштањето на УЧК, Ахмети ја основа партијата Демократската унија за интеграција и станува нејзин претседател. Од септември 2002 година ДУИ победува на избори, Ахмети е избран за пратеник, а оттогаш, со мали прекини, оваа партија е коалициски партнер на сите досегашни влади.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: