(ВИДЕО) Велес и во услови на пандемија го одбележа Денот на градот – 9 Ноември

Кардиохирургот со велешко потекло др. Сашко Јовев ја доби највисоката награда за животно дело „Гемиџии“, која Општина Велес, по повод 9 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, му ја додели за успешно изведената прва трансплантација на срце во Македонија.

Zito akcija 640x289px

Доктор Јовев наградата ја прими на одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор, кое се одржа на платото пред Спомен Костурницата, на манифестација организирана според протоколите за заштита од ковид-19.

Agria

„Ако некој ме прашаше каква награда би сакал да добијам, без двоумење ќе кажев, токму оваа награда. Бескрајно сум благодарен што ја добив. Нејзиното име значи екстремна пожртвуваност, несебичност, патриотизам, интелектуализам, што е одлика за велешани и ако некој тоа го препознал и во мене, големо благодарам. Ако оваа награда е за интелектуалци, тогаш добро знаеме кој сè се родил во овој град. Јас сум роден во Скопје, но до мојата осма година живеев во Велес. Кога некој ќе ме праша од каде си, јас велам од Велес“, рече др. Јовев.

Признанието „Спомен Плакета“ го добија тимот на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, Итната медицинска служба на Здравствен дом Велес, Епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Велес, тимот на лекари кои ја направија првата трансплантација на срце: Др Тања Анѓуешева – кардиолог, Др Димче Славевски-кардиоанестезиолог, Др Александар Колев-специјализант по кардиохирургија, Катерина Ристовска Јанев-инструментарка и Александра Ристовска Тинев-инструментарка, како и матичните лекари од градот.

Благодарница по повод празникот на градот, 9 Ноември годинава добија фудбалерот Енис Фазлагиќ, кајакарот Љубомир Спасиќ, Лајонс клуб Велес и Семејството Пиневи, за хуманиот гест да даруваат органи на нивниот прерано починат член на семејството, правобранителот Борче Пинев.

Пофалници добија м-р Илија Настовски, Филип Коруновски, Снежана Лазарова – Луна и ученикот Христијан Андовски.

Наградата за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2020 година отиде во рацете на студентката на факултетот за медицински науки „Гоце Делчев“ во Штип, Ана Трајчева.

https://www.facebook.com/opshtinaveles/videos/363318364737908/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15325/farmaczevtska-kompanija-fajzer-proizvede-vakczina-protiv-kovid-19/