
Борец 1919 одигра реми 2:2 на четвртиот натпревар од подготовките пред почетокот на Втората фудбалска лига. Противник беше Детонит Плачковица од Радовиш, а тимот на Љупчо Димитковски – Гањо одигра квалитетно, и успеа два пати да ја затресе мрежата на радовишани.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Јосиф Манасив уште во 3 минута по добро изведена акција со Милан Чичевски. Во 26 минута Таипи најдобро се снајде по една нафрлена топка во шеснаесетникот на Борец. Гостите заминаа со предност на полувреме со одлично изведениот слободен удар на Настевски во 43 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Конечниот резултат го постави Јосиф Манасиев со својот втор погодок во 69 минута од натпреварот. Следен тест за велешани е контролниот натпревар против Силекс во недела.
Можеби ќе ве интересира:
- Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје
- Мицкоски: Секаде на Балканот e сезона на пожари, но сега ќе бидеме поподготвени
- Моторциклист повреден во сообраќајка во Велес
- Сончево со мала до умерена локална облачност
- Тошковски: Потребно е темелно решение, загрижувачки се бројките за семејно насилство