Вилма Русковска суспендирана, дисциплинска постапка за уште две обвинителки

vilma ruskovska

Од Јавното обвинителство соопштија дека е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

Zito akcija 640x289px

„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со оглед што е поднесена кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска, се претпоставува дека суспензијата се однесува за неа, а информацијата ја потврдува и обвинителката за порталот „А1 он“. Кривична пријава поднесе директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32041/zhitel-na-gorno-jabolchishte-pochinal-po-pad-od-potporen-zid/