Полицијата уапси 50-годишен велешанец, во чиј дуќан денеска открила поголемо количество пиротехнички средства. Велешанецот е приведен, откако полицијата добила дојава дека во продавницата ги чувал пиротехничките средства.
„Денеска, 24.12.2021 год. постапувајки по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, по претходно добиени сознанија, во продавница во Велес, сопственост на С.Ч.(50) пронајдени се и запленети околу 2200 парчиња пиротехнички средства. С.Ч. е лишен од слобода“, соопшто вечерва Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламите
По целосно документирање на случајот, против С.Ч. ќе биде поднесена кривична пријава.
Можеби ќе ве интересира: