Сопственикот на Фудбалскиот клуб Хофенхаим, Дитмар Хоп, не е многу омилен помеѓу навивачите ширум Германија, но деновиве тој е во центарот на вниманието, но не заради фудбалот туку поради борбата против пандемијата на коронавирус.
Поточно, неговата компанија “Куревак” помина долг пат во работењето на вакцина против коронавирус и наскоро ќе започне со тестови за клиничка ефикасност, објави Шпигел.
“Ние сакаме да ја развиеме вакцината за целиот свет, не за една земја, одредени класи или делови од светот. Ако успешно се развие и тестира, вакцината ќе престане да биде шпекулација или електронска алатка. Таа ќе служи за спречување на глобалната криза, што е моја желба”. рече Хоп
Хоп го одби американскиот претседател Доналд Трамп, кој сакаше исклучиво да ја купи вакцината од неговата компанија доколку се покаже успешна.
Хоп забележа дека вакцината може да биде готова во есен.