Во Словенија, скоро 60 проценти од смртните случаи од ковид-19 се од домови за стари лица

Slovenija Dom za stari lica

Во Словенија, според последните официјални податоци, 3 022 лица починале од ковид-19 од почетокот на пандемијата, а најголем број смртни случаи, близу 60 проценти, е забележан во домови за стари лица и во возрасна група над 85 години.

Zito akcija 640x289px

Најголем број на смртни случаи како резултат на ковид-19 во Словенија биле забележани кај лица постари од 85 години, но смртни случаи биле забележани и во групата на возраст од 25 до 34 години, а минатата година една жена починала во 31-та недела од бременоста поради инфекција со коронавирус на крајот на годината.

Agria

Според прелиминарните податоци, во Словенија во 2020 година починале 3135 лица повеќе отколку во 2019 година, што делумно се припишува на пандемијата од ковид-19, но исто така и на последиците од долгорочното занемарување на потребниот персонал и капацитетите за сместување во домовите и недоволната грижа за постарата популација.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: