По подолго време во велешкиот ковид центар почина пациент од коронавирус. Починат е пациент на 69 годишна возраст, од с.Мелница,позитивен, лекуван пет дена во Модуларната Болница.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 49. Од нив, 37 имаат потврдени позитивни тестови, четири пациенти се сомнителен на вирусот, и осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 24 пациенти. На инфективното оддееление има 26 пациенти, на интерното одделение има шест пациенти , а во Модуларната болница се лекуваат 17 пациенти.
Во последните 24 часа се испишани тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: