Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 56 пациенти, што е за седум пациент повеќе од вчерашниот ден. 40 имаат позитивни тестови, шест пациенти се сомнителени на вирусот, а 10 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден седум нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19, од кој шест се примени во Модуларната болница, додека еден пациент е хоспитализиран на инфективното одделение на велешката болница.
Можеби ќе ве интересира: