Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 61 пациенти, од кои 40 добиваат кислородна поддршка. 39 од нив имаат позитивни ковид тестови, 12 се се сомнителни на вирусот , додека 10 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На инфективното одделение се сместени 43 пациенти, на интерното одделение се сместени пет пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани по 13 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Изминативе неколку дена во Велес се регистрираат повеќе оздравени од новозаразени со коронавирус, што доведе до благо опаѓање на бројот на активни случаи во градот, која според Министерството за здравство изнесува 228.
Можеби ќе ве интересира: