Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.
Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.
Можеби ќе ве интересира: