Времето утре претпладне ќе бида сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени, информираат од УХМР.
Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град, велат од УХМР.
Можеби ќе ве интересира: