Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8
Утре и другиден времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.
Можеби ќе ве интересира: