Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на 2 Август ќе учествува во одбележувањето на 121 годишнината од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ. Програмата вклучува посета на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, каде ќе има обраќање, и посета на манастирот Св. Прохор Пчински каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, договорена во рамките на нивните вчерашни телефонски разговори.
Во Скопје, Републиката ќе се одбележи со манифестација на тврдината Кале, каде обраќање ќе има претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пак, ќе учествува на одбележувањето на Мечкин камен, истакнувајќи ја значајноста на овие историски настани за македонскиот народ.
Можеби ќе ве интересира: