Несериозна изјава, особено имајќи предвид дека станува потреба од утврдување од можност за важење на патни исправи со кои може да се оствари право на глас, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по вчерашниот став на премиерот Талат Џафери, кој рече дека за еден месец, засегнатите 100 илјади граѓани можат да извадат нови важечки лични документи.
Додава дека на 18-ти март се затвора избирачкиот список и тогаш може да им се прекрши човековото право на граѓаните за гласање на изборите.
Тој апелира до пратениците да го поддржат законското право за граѓаните кои имаат важечка патна исправа со старото уставно име, но немаат важечка лична карта.
Според Тошковски, со ова динамика на издавање на патни исправи, најдоцна до средина на месец мај, ќе се исцрпат обрасците кои се во МВР.
Околу проблемот со подигање на готовите патни исправи, министерот вели дека се решава.
-Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец. Тоа значи дека со реорганизација и посветеност, можело да се зголемат и бројките и да има ред. Веќе не се чека со јоргани пред полициските пунктови, уште од полноќ, кажа Тошковски.
-Ако премиерот и останатите добронамерници сакаат да помогнат на процесот, тогаш најмалку што треба да сторат е да влијаат на пратениците да го изгласаат законот за овие 100 илјади граѓани, на кои може да им биде прекршено уште едно човеково право, а тоа е правото на глас, дециден е министерот за внатрешни работи.
Можеби ќе ве интересира: