Во Градскиот парк во Велес веднаш под ракометното игралиште, вчера започна изградбата на долго најавуваниот полигон за велосипеди „Pump Track”, со што младите велешани ќе добијат место каде ќе можат да ги возат своите велосипеди, тротинети, ролери и скејтбори.
„Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на национално ниво, се гради на простор на 660 м2, во Градскиот парк, под ракометното игралиште“, информираат од Општина Велес.
-Содржината продолжува под рекламата –
Појаснуваат дека формата на патеката ќе овозможи забавна, но, безбедна спортска активност.
-Содржината продолжува под рекламата –
„Совршен е за учење на основните вештини и трикови, како и за тренирање на врвни велосипедисти, за што се потребни вештина и брзина. Асфалтната pump track патека е конципирана на начин што во најголема мерка се приспособува кон формата на расположливата површина“, појаснуваат од Општина Велес.
Оттаму додаваат дека проектот е започнат во текот на минатата година.
Инаку, од Општина Велес уште во рамки на Европската недела на мобилност 2021, на 20 септември најавија дека работите ќе започнат веднаш и во зависност од временските услови, дека полигонот дека ќе биде готов за 20-тина дена, но, оттогаш помина месец и половина.
Инвеститор е Општина Велес, а изведувач на работите е Друштвото за трговија и услуги “Јумак Киро”, ДООЕЛ – увоз извоз, Скопје, во соработка со врвни експерти од Словенија во оваа област. Вредноста на проектот е околу 4 милиони денари, со вклучен ДДВ.
Изведувачите за МИА, информираа дека полигонот за велосипеди ќе биде готов за 20-тина дена.
Можеби ќе ве интересира: