37 годишен жител на село Десово, прилепско, вчера е фатен на дело додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше.
Содржината продолжува под рекламата
„На 16.09.2023 во 23 часот во с.Ореше, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37) од с.Десово, прилепско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С. е осомничен и за други кражби на подрачје на с.Богомила и с.Ореше“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: