Секој родител знае колку е тешко и напорно родителството, особено кога грижата за детето е целосно пренесена на едниот родител. Навикнувањето на фактот дека целиот товар се пренесува само на вас, на почетокот може да биде страшно, но со текот на времето самохраните родители сфаќаат дека најважна е добрата организација и дека е можно квалитетно да го поминете времето со детето и да ги изведувате сите други должности дополнително.
Не занемарувајте ги вашите потреби
Позната е изреката дека задоволниот родител е добар родител. Затоа, не занемарувајте ги вашите потреби. Хранете се здраво, ослободете се од нездравите навики, доколку можете да доверите некому да го чува вашето дете, вежбајте и на тој начин работете на вашата самодоверба. Од друга страна, не срамете се да прифатите помош од другите.
Никој не очекува од вас да бидете семоќни. Како и сите, ќе имате добри и лоши денови и нема потреба да го криете тоа од околината. Организирајте си го животот и ќе бидете посреќни. Секогаш имајте резервна бебиситерка, било да е тоа вашата мајка, сосед или личност на која можете да сметате во секој момент ако се појави нешто непланирано. Ако познавате некој што има проблем да најде бебиситерка, здружете ги силите. Доколку е ваш пријател, набавете заедничка дадилка и дозволете им на децата да си играат, додека тоа време можете да го искористите за одење во кино или слично дружење.
Дружете се
Дружете се со луѓето од околината, прошетајте со вашето дете во природа и размислувајте позитивно. Не затворајте се. Отпрвин е тешко да се видат среќни семејства на игралишта, но водете се од фактот дека вие и вашето дете се имате еден со друг. Дружете се со други родители, а не само со самохрани родители.
Тоа што немате помош од партнер во воспитувањето на детето не го менува фактот дека секој родител е измачуван од истите болки. Разменувајте искуства со други родители додека вашето дете стекнува нови пријатели во паркот. Ако стекнувањето пријателства не ви оди многу лесно, постојат здруженија на самохрани родители кои одржуваат собири и советувалишта низ целата земја, придружете им се. Овие луѓе дефинитивно ќе ве разберат и ќе ви помогнат да продолжите понатаму, а најдобро разбираат како е да се биде самохран родител.
Надминување на „љубомората“ на другите парови
Самохраните родители многу почесто ги забележуваат среќните парови со деца од другите. Токму затоа што се оптоваруваат со тоа. Гледајте од гледна точка дека вие го правите вашето дете среќно, а тоа ве прави среќни вас, па тоа е многу подобра врска отколку да сте во лоша врска или брак, без разлика колку и да изгледа совршено.
Подгответе план за итни случаи
Секогаш имајте подготвен план во случај вие или вашето дете да се разболите. Како да се организира грижата за детето што е можно поскоро, дали може да го оставите детето кај родителите ако живеат во близина, дали имате дома основни лекови кои можеби ќе ви бидат потребни ако детето добие температура и низа други ситуации за кои како самохран родител мора да бидете подготвени во секое време.
Извор на веста: deca.mk
Можеби ќе ве интересира: