среда, 23 септември, 2020
Реклама

Опозицијата денеска повторно на протести

ВМРО ПРОТЕСТ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ заедно со лидерот на партијата Христијан Мицкоски за денеска најавија протестен марш кој ќе почне од Министерството за правда, па ќе продолжи по мостот “Гоце Делчев”, за да заврши пред Министерството за надворешни работи.

„Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, порача Мицкоски.

Од таму најавуваат мирен протест, но и се сомневаат дека власта намерно угрла поединци кои имаат за цел да го дискредитираат циклусот на протести од страна на опозицијата.

Минатата недела партијата протестираше пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се врати старата цена на струјата.

Владата од друга страна смета дека во едно демократско општество стандардите се дека опозицијата не треба да протестира во првите сто дена од нејзиното формирање.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами