четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

Поради здравствени проблеми, судењето на браќата Усеини одложено за 26 октомври

Нефи Усеини

Одложено е судењето за советникот на ДУИ од Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим, обвинети за насилство. Причина за одлагањето е здравствената состојба на Ибраим Усеини, кој поради висок крвен притисок, денеска бил префрлен во Центарот за кардиолошки и васкуларни заболувања во Охрид.

Нефи Усеини во јавноста е познат по своите дивоградби и насилно однесување, а заедно со брат му се обвинети дека сториле кривично дело „насилство“ извршено врз охриѓанецот Спире Топалоски.

Против нив беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, но подоцна оштетениот Топалоски го смени исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава.

Бизнисменот и неговиот брат беа пуштени да се бранат од слобода откако понудија гаранција од 800.000 евра во недвижен имот, односно двајцата по 400.000 евра.

Новото рочиште е презакачано за 26 октомври.

Можеби ќе ве интересира: