четврток, 21 јануари, 2021
Реклама

Хоспитализирани Д-р Караџовски и неговата сопруга

karadzoski_komisija_zarazni_bolesti

Д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести и неговата сопруга се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Според информациите, тој и сопругата се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече од Комисијата уште од почетокот на пандемијата.

Министерството за здравство на 3 јануари годинава соопшти дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.

Според известувањето, тој тогаш се чувствуваше добро.

„Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести“, стоеше во соопштението на МЗ.

Можеби ќе ве интересира: