Реклама

Жените во овие хороскопски знаци се најчесто оставани поради друга

horoskop-wrozby-1

Понекогаш, во љубовта нештата не функционираат како посакуваме. И покрај тоа што ниедна љубовна приказна не е идентична, и причините поради кои врската се прекинува се различни, не е непознато дека често крајот на врската или бракот се случува поради трета личност.

Според Зодијакот, жените родени во овие три хороскопски знаци се најчесто заменети со друга.

Рак

Жените Ракови се емотивни. Иако во суштина таа особина е доблесна, тие имаат потешкотии кога станува збор за контролирање на своите емоции, па често наместо да го послушаат својот разум во моментите кога е важно тој да преовлада, тие постапуваат според срцето и покрај тоа што тоа може да значи газење на своите принципи. Непочитта кон себе, најчесто резултира со непочит и од страната на партнерот, па не е чудо ако тој пројави интерес за друга личност што ќе држи до својот принцип.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Риби

Рибите почесто живеат во својата фантазија, отколку во реалноста. Ова во целост значи дека кога се вљубени, се „слепи“. Иако нивна доблест е изразената интуиција и способноста да ја проценат до најмал детал ситуацијата или личноста, нивната потреба за љубов секогаш им го заматува видикот што неретко резултира со правење привид во однос на саканата личност. Рибите дури може да изберат да не забележат нешто што се коси со нивната замисла за ситуацијата во која се наоѓаат и затоа често се во позиција на паталец.

Текстот продолжува под рекламата

Водолија

Водолијата во секој поглед е непредвидлива и честопати со неа не знаете на што сте, се додека не стане збор за љубовта. Тешко е да ја освоите, но откако ќе се случи тоа, таа целосно се предава, до тој степен што станува опсесивна во мислите и посесивна во постапките кон саканата личност. Со ваквото однесување жената Водолија знае да го „загушат“ партнерот кој за брзо време ги пренасочува мислите кон друга личност, најчесто сосем спротивна на неа.

Можеби ќе ве интересира: