понеделник, 29 ноември, 2021
Реклама

Претпладне дожд, попладне температури до 16 степени

sonce esen

Времето денеска ќе иде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Agria

Утре претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.

Moжеби ќе ве интересира: