вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

(ФОТО) Борец со пораз од Слога ја започна сезоната

Ништо ново на стадионот „ Зоран Паунов“ во Велес. Новата сезона како второлигаш Борец ја започна со пораз. Слога од Виница го солвлада Борец со резултат 1:2, и ја продолжи серијата на порази на велешани.

Велешани натпреварот го започнаа во грч, со многу грешки во подавањата. Гостите тоа го искористија и во 10 минута преку Тасевски поведоа со 0:1. Слабата игра на Борец продолжи и во продолжение а гостите од Виница во 44 минута преку Николов поведоа и со 0:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел како да излезе некој нов тим на Борец. Само што започна вториот дел, Борец имаше шанса да го намали резултатот, но гостинскиот одбрамбен играч реагираше навреме и ја расчисти опасноста. Веќе во 49 минута Борец намали на 1:2, со голот на Николовски кој биеше прецизно во празната мрежа.

Јалови беа нападите на домаќините до крајот на натпреварот, иако гостите во 84 минута останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Велиновски.

Можеби ќе ве интересира: