Реклама

Сега сите можеме да сме врвни гејмери, дури и на мобилен!

Една од најсигурните мерки за исполнето слободно време е секако играњето игри, или гејмингот, во чиј што магичен свет на виртуелни ликови, предизвици, па дури и адреналин можеме да се впуштиме самостојно или во друштво со најблиските и пријателите. Без разлика дали сме страствени гејмери на кои што животот моментално и не им е многу променет или дури сега го откриваме дигиталното опкружување, кое што го пружаат видео игрите, на многу од нас ни недостига „бесен“ компјутер или скапа конзола, поради што често забораваме дека може да „гејмаме“ и на – нашите мобилни телефони. На паметните телефони е можно да се играат многу оригинални наслови чиј што квалитет може да се спореди со оној на компјутерите, како и прилагодувања за мобилни телефони на популарни видеоигри на другите платформи.

 Но, добро, гејмингот е супер, но што да се игра?

Agria

Секако, како и во светот на бирање на филмови, дури и на вистинските гејмери понекогаш им е тешко да одберат добар наслов, особено на новата платформа како што се мобилните телефони. За сите оние кои што само што влегуваат во гејмингот, добрата вест е дека постојат многу игри со различни жанрови за различни вкусови кои нудат врвно искуство.

Ако сакате да го искусите чувството на преживување, а во исто време и добрата FPS борба, слична на PUBG, една од игрите која моментално е во тренд е дефинитивно Garena Free Fire. На секои десет минути, играчот ќе се најде на пуст остров, каде што ќе се бори со други 49 играчи, а за тоа е потребно да се истражи мапата, да се камуфлира во околината, но и да ги развива своите вештини во битката против другите играчи.

За оние кои што преферираат крими и детективски приказни, тука е The House of Da Vinci 2, најпопуларната игра од овој вид на Android Play Store. Инспирирана од Кодот на Да Винчи,играчот пронаоѓа скриени објекти, истражува ормари и полици, но и отклучува нови простории со приказни за да напредува во играта.

Исто така, мобилните телефони се познати по тоа што нудат забавно искуство и адреналин по пат на игри со трки. Така и незаборавната игра Need for Speed може да се најде на вашата листа, каде што во 2020 можете да ги проживеете сите убави моменти, кои што сте ги имале како деца додека сте се дружеле кај пријателите кога го „загревавте“ својот автомобил. Запалете ги моторите и сетете се на своето детство во кругот на најблиските, додека трките со пријателите можете да ги повторите преку online multiplayer!

За крај, како посебен наслов би го издвоиле и Old Man’s Journey чиј што квалитет го потврдуваат и 15-те меѓународни награди од различни категории. Оваа оригинална игра ја следи приказната на осамениот старец, кој што одлучил да ја промени својата дневна рутина и тргнал во авантури во кои склопува нови пријателства, разрешува мистерии, но и предизвици на патувањата. Играта ја препорачуваме на сите кои што сакаат да пробаат нешто ново, особено на оние на кои што им е потребен вовед во светот на гејмингот и сите негови магии.

Каков мобилен телефон за гејминг ми треба?

Многу брендови препознаа дека нивните паметни телефони треба да интегрираат опции за гејминг. Така Samsung во својата Galaxy S20 серија, со играњето на дисплеј од 120Hz, има и вграден Game booster, како и Improved touch response за намалување  на напорното заостанување и доцнење во текот на допирањето на екранот. Тестирањето на овие уреди покажа дека многу игри можат да се играат на 120FPS, што секако ќе овозможи најоптимално уживање во гејмањето.

Што чекаш? Ако веќе долго време играш видеоигри, дај си одмор и пробај една нова платформа, а за вас кои што барате одговор за вишокот на слободно време – новиот вид на забава ви е достапен на дланка со помош на паметните телефони.