четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

Фејсбук отстрани тролови од Македонија и Филипини платени да шират лажни вести за пандемијата и вакцините

Fejsbuk logo

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење таканаречени Трол-фарми од Северна Македонија и Филипини, соопшти Фејсбук.

Издавачот „Natural News“ беше една од најплодните „туркачи“ на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое лажно тврдеше дека коронавирусот е дел од сложен владин заговор за контрола на населението преку вакцини и погрешно тврдеше дека со носење маска се зголемува ризик од зараза со новиот коронавирус.

Фејсбук соопшти дека пронашле странски тролови кои постојано објавувале содржини од „Natural News“, веб-страница за борба против вакцинирање, која често објавува лажни теории на заговор за коронавирусот за 5Г и Бил Гејтс. Тие, исто така, објавија содржини од сестринските веб-страници на – „NewsTarget“ и „Brighteon“, во обид вештачки да ја зголемат својота посетеност.

Од Фејсбук соопштија дека акциите се дел од нејзиното рутинско спроведување против ширењето лажни вести. Меѓу другите нередовни однесувања, „Natural News“ ја објавија својата содржина на невообичаено висока фреквенција, обидувајќи се да ги избегнат ограничувањата , со што ефикасно ги привлекоа алармите на спам на Фејсбук, соопшти компанијата.