Реклама

Ливерпул е официјално шампион, прва титула во Англија после 30 години

Фановите на Ливерпул веќе не мора да сонуваат за толку посакуваната титула во Премиер лигата, бидејќи вечерва нивниот омилен клуб стана нов шампион во Англија, откако Челси и математички им го осигура трофејот на избраниците на Јирген Клоп.

Со победата од 2:1 во дербито со Манчестер Сити, Челси оствари голема победа во потерата кон третото место на табелата, но што е уште поважно, му овозможи на Ливерпул да стана шампион уште пред одигрувањето на големото дерби против Сити на „Итихад“ во наредното коло.

Soopstenie 10.07.2020

После цели 30 години, сонот на фановите и играчите на Ливерпул стана реалност, а бидејќи добро беше познато дека вечерва можат да станат нови шампиони, првотимците на новиот англиски првак заедно го гледаа дербито на „Стемфорд Бриџ“.

Погледнете како тие прославија:

Можеби ќе ве интересира:

Реклами