Британски воз користи човечки и животински измет како гориво

Луѓето наскоро може да патуваат со возови кои како гориво користат човечки или животински измет. Инженерите кои стојат зад проектот BioUltra на компанијата Ultra Light Rail Partners имаат за цел да ги заменат градските возови и трамваи со алтернативни возила на биометан за да ја заштитат околината. Компанијата доби пари од фондот на британската влада за да развие воз на биометан.Целта е да се направи воз кој може да прими до 120 патници.

Zito akcija 640x289px

Биометанот е вид на биогориво кој се добива од неколку отпадни производи, вклучувајќи ја и тињата од канализацијата, остатоците од посевите на фармите, шталското ѓубре. Сето тоа го разградуваат бактерии со цел да се добие гас кој се вика биометан.

Agria

Иако биометанот навистина испушта јаглерод диоксид во атмосфератаа, заговорниците тврдат дека до тоа секако би дошло со природните процеси и користењето на ова гориво и дека користењето на такво гориво едноставно на состојките им дава нова цел.

Новите возови ќе сообраќаат по новоотворени линии. Целта на компанијата URL Partners е да понуди решение за поголемите и помалите градови во Велика Британија за да се намали загадувањето и да се подобри квалитетот на животот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: