Висок број на оздравени велешани од ковид-19 во последните 24 часа. Институтот за јавно здравје регистрира 62 оздравени велешани. Денес се регистрирани и нови четири позитивни случаи на ковид-19. Бројот на активни случаи на ковид-19 во Велес е 258.
Во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 85-Куманово 6 -Тетово 10 -Прилеп 7 -Гостивар 6 -Штип 3 -Битола 1 -Велес 4 -Охрид 10 -Струмица 3-Кавадарци 13 -Струга 5 -Кочани 2-Кичево 1 -Свети Николе 1 -Гевгелија 6-Неготино 4 -Дебар 1 -Ресен 6 -Радовиш 2 -Делчево 1 -Пробиштип 2 -Богданци 2 -Кратово 1 -Дојран 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти. Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715.
Можеби ќе ве интересира: