Компанијата Кожувчанка како општествено одговорна компанија донира 100.000 шишиња негазирана природна вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta, на регионалниот пункт за вакцинација во град Кавадарци, кој е домаќин за масовното вакцинирање наменето за сите заинтересирани граѓани од Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија.
„Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е
најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна вода Изворска.
И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото“, велат од Кожувчанка.
Оваа компанија донира пијалоци за сите регионални пунктови за вакцинација во државата.
Можеби ќе ве интерсира: