Пред да донесете заклучоци за тоа што значи да се биде хороскопски знак кој сака секс, запомнете дека „авантуризмот“ нема негативна конотација.
Како што претходно објасни овластената сексуална едукаторка Алиша Синклер за „Elite Daily“, „Создавање на етикети во однос на секс е глупаво бидејќи нема правилно и погрешно“.
Луѓето кои се „авантуристи“, едноставно се отворени за експериментирање и игра, и сè додека имаат партнер што дава согласност, тогаш треба да се чувствуваат слободни да ја изведат целата сексуална фантазија што ја сакаат. Ако сте еден од овие хороскопски знаци, тогаш големи се шансите дека сакате да експериментирате.
Овен
Како огнен знак, не треба да изненадува што припадниците на овој хороскопски знак се познати по својот темперамент во спалната соба. Додворувањето и галењето не се нивно темпо – тие сакаат веднаш да се „фатат за работа“, а не да одолговлекуваат. За нив, сексот е помалку гест на љубов и повеќе потрага по задоволство. Тоа што се ориентирани кон акција и авантура им дозволува да не се плашат да испробуваат нови работи и да ги искажат своите фантазии, без оглед колку се чудни. Ако влезете во кревет со нив, бидете подготвени за некои потенцијално откачени работи.
Близнаци
На припадниците на овој хороскопски знак најтешко им се задржува вниманието. Близнаците се секогаш во потрага по нов забавен предизвик, па затоа, ако влезете во кревет со нив, не очекувајте секојдневно искуство. Од садо-мазо до играње улоги, до испробување на екстравагантни пози, разиграните Близнаци најверојатно не се задоволуваат со обичното. И бидејќи родените под овој знак се стручни „мултитаксери“, тие можат да изведат сложени сексуални потези што ќе го остават другиот збунет.
Скорпија
Не е тајна дека Скорпиите се „најсекс-центричен“ знак во зодијакот. Како воден знак, Скорпиите се полни со страст, а сексот со овој знак секогаш гарантира задоволство. Под водство на страсната планета Марс, Скорпиите имаат тенденција да се движат од нула до 100, понекогаш целосно прескокнувајќи ја предиграта само за да дојдат до главната атракција. Но, тоа не значи дека им се брза – тие имаат намера да го направат секој однос – „диво возење“. Додека родените под овој знак се способни за голема сексуална посветеност, тие се попознати по нивната бестрашност кога станува збор за сексуално експериментирање.
Стрелец
Стрелците се истражувачи, а обидот за нови и иновативни начини да го возбудат партнерот е супер предизвик за нив. Припадниците на овој знак живеат за преместување на границите, па дури и кога се соочуваат со „предизвикувачки“ сексуални пози и играчки со „застрашувачки“ изглед, тие се желни да пробаат. Со Стрелецот управува Јупитер, планетата на експанзија, така што ништо не ги спречува да го прифатат непознатото. Стрелците се познати по тоа што се флексибилни и прилагодливи, затоа само кажете им ја вашата фантазија – тие ќе најдат начин да ја исполнат.
Водолија
Водолиите се многу креативни, па за нив мисионерскиот секс едноставно делува како пропуштена можност. Исто како и во животот, овие неограничени и слободоумни индивидуи се подготвени да пробаат сè, без разлика колку и да изгледаат откачени тие идеи. Ако барате партнер кој своето слободно време го поминува измислувајќи сексуални пози и игри, Водолија е одличен избор. Ако сте безнадежен романтичар кој сака нежно водење љубов, не сте на вистинското место.
Можеби ќе ве интересира: