понеделник, 15 јули, 2024
Реклама

До крајот на неделава пристигнува голема количина на вакцини, првата пратка во петок е 100.000 дози од производителот „Фајзер“

Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостувате на „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека до крајот на неделата треба да пристигнат 600.000 дози вакцини.

Zito akcija 640x289px

„Петок стигаат 100.000 Фајзер, а во недела пристигнуваат со два чартер-летови 500.000 дози од компанијата Синовак“, информира премиерот и додаде дека од понеделник сите 180.000 граѓани што се пријавиле, а се уште немаат примено вакцина, ќе ја примат.

Agria

Заев додаде дека од понеделник ќе започнат со поголема кампања за вакцинација.

„Засега таа добро се одвива. Таргетот е милион и двесте илјади граѓани што треба да бидат вакцинирани. До 20-ти јули годинава очекуваме половина милион граѓани да се имунизирани со две вакцини“, нагласи Заев во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21732/sovozach-e-povreden-vo-izletano-vozilo-blizu-veleshkoto-selo-izvor/