
Eкипата на ФК Борец 1919 продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Тие се петтото и шестото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.
Можеби ќе ве интересира:
- Приведени тројца осуденици во Велес, двајца за тешка кражба, еден за измама
- Марко Колев: Поддршката од граѓаните е доказ дека се препознава сработеното
- Ракометните пионери на Гемиџии утре гостуваат во Радовиш
- Велешкиот режисер Ненад Витанов зад најновата премиера на сцената во Скопје
- МЕГА ИНТЕРВЈУ Јованче Манасков: Политиката не е амбиција, туку обврска – време е за работа со срце и одговорност