Откриена човечка супстанца која ги одбива комарците

komarec
komarec

Човековата кожа содржи природни репеленти кои можат да ги одбијат комарците. Одделувајќи го ова хемиско соединение, американските научници предлагаат тоа да се користи во правење производи, кои штитат од инсекти што цицаат крв.

Zito akcija 640x289px

Познато е дека комарците касаат одредени луѓе повеќе од другите. Група научници од САД не само што го потврдија тоа, туку најдоа и причина. Претставувајќи го своето откритие на состанок на Американското хемиско друштво, еден од авторите на студијата, Урлих Бернијер, истакнал дека тој и неговите колеги успеале да најдат супстанција во човековата кожа која ги одбива и дезориентира комарците.

Agria

За време на експериментот, комарците биле сместени во посебен кафез во кој наизменично биле прскани со различни соединенија кои ги исфрла кожата. Научниците забележале дека 1-метилпиперазин не само што ги одбива комарците, туку и ги обесхрабрува. Кога по метилпиперазинот попрскале млечна киселина, најатрактивното соединение за комарците, ни на него воопшто не реагирале.

Метилпиперазинот е едно од многуте хемиски соединенија кои се наоѓаат во кожата, а резултатите од ова истражување покажале дека оваа супстанција го прави лицето „невидливо“ за комарците.

Поради тоа што нивото на излачување на метилпиперазин кај луѓето е индивидуално, тоа го објаснува недостатокот од интерес или зголеменото внимание на комарците кон одредени луѓе.

Истовремено, метилпиперазинот нема мирис, па може да се користи како додаток за лосионите, кремовите и другата козметика. Ова последното е особено важно за регионите каде што има висок ризик од маларија.

Секоја година од маларија во светот умираат повеќе од 600 илјади луѓе. Ако метилпиперазинот се додаде во козметичките производи кои секојдневно ги користат жителите на загрозените „маларски“ региони, нивото на инфекција би можело значително да се намали.

Меѓутоа, на научниците ќе им требаат уште неколку години за да ја подготват идејата за практична примена во индустријата.

Извор: National Geographic

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: