Samsung денес го претстави Galaxy A31, смарт телефон кој доаѓа со мултифункционална четворострука камера, врвен дизајн со Infinity-U дисплеј, моќна батерија од 5,000 mAh која ќе трае цел ден и нови, подобрени можности.
Корисниците пред себе имаат голем Infinity-U дисплеј дури од 6.4 инчи. Содржината се прикажува од раб до раб, така што можат да ги гледаат омилените видео снимки, да играат игри или да прикажуваат содржина во одличен FHD+ Super AMOLED квалитет. Екранот е сместен во тенко куќиште од 8.6 mm кое идеално лежи на раката на корисникот.
Одличната главна камера од 48MP им овозможува на корисниците да фотографираат и снимаат видео содржини со врвна резолуција. Широкоаголната камера од 8MP, со агол за снимање од 123 степени им дозволува на корисниците да снимаат кадри пошироки од било кога претходно, макро камерата од 5MP прави сјајни зголемени слики, додека сензорот за длабочина од 5MP овозможува Live Focus снимки.
Кога се надвор, на корисниците им е потребен телефон кој ќе работи во текот на целиот ден. Батеријата од 5,000 mAh им дава можност да гледаат или да споделуваат содржина и да играат игри колку и да сакаат. Доколку батеријата е при крај, со брзото полнење од 15W за 30 минути ќе биде спремна за целодневно користење.
Galaxy A31 доаѓа со напреден Octa-core процесор, 4GB RAM и AI Game Booster технологија. Исто така, има 64 GB внатрешна меморија која може да се прошири до 512GB.
Во овој модел е вградена Samsung Knox технологија која го штити телефонот. Скенерот за отпечатоци за прст дава високо ниво на биометриска автентикација, така да само корисникот може да го отклучи со допир.
Galaxy A31 на нашиот пазар ќе биде достапен во црна и сина боја од август.
Спецификации
Galaxy A31 | |
Дисплеј [1] | 6.4-инчен FHD+ (1080X2400) SUPER AMOLED Infinity-U Display |
Камера | [Задна камера] Широка: 48 MP (F2.0) Ултраширока: 8 MP (F2.2) Сензор за длабочина: 5 MP (F2.4) Макро: 5 MP (F2.4) [Предна] 20MP, F2.2 |
Куќиште | 159.3 x 73.1 x 8.6 mm |
Процесор | Octa-core Mediatek MTK6768 (Dual 2.0GHz + Hexa 1.7GHz) |
Меморија[2] | RAM: 4GB ROM: 64GB microSD до 512 GB |
Батерија[3] | 5000mAh 15W брзо полнење |
Биометриска автентификација | Скенер за отисок од прст на екранот Препознавање на лице |
Бои[4] | Prism Crush Black Prism Crush Blue |
[1]Екранот е мерен дијагонално како полн триаголник, без сметање на заоблените агли. Видливиот дел на екранот е нешто помал поради заоблените агли и празнините за камерата.
[2] Достапната RAM меморија може да варира во зависност од земјата и регионот.
[3] Стандардна вредност на тестирањата во лабораториски услови.
[4] Достапноста може да варира во зависност од земјата.
Можеби ќе ве интересира: