Samsung со нови модели од Galaxy A серијата

Времето е како идеално за долги прошетки и посети на околните планини, градови, како и бројни знаменитости кои ги има нашата земја, а кои можеби досега не сме ги посетиле. Сите тие прекрасни моменти кои се пред нас и активностите кои што ќе ги доживееме, еден ден ќе бидат само спомени, но на нас е да се потрудиме тие спомени никогаш да не избледат, со тоа што ќе ги овековечиме со фотографија или со видео. За да можеме да успееме во тоа, потребна ни е квалитетна камера и издржлива батерија, која успешно ќе го следи ова темпо. Решението лежи во најновите уреди на Samsung Galaxy A серијата.

Zito akcija 640x289px

Камера:

Agria

Да се има мобилен уред, кој создава квалитетни фотографии, независно во која доба од денот, е сон на секој љубител на фотографијата. Кога на тоа ќе му се додаде реалниот приказ на живописните детали, многу ретко кој останува рамнодушен. 64-мегапикселната камера на Galaxy A71 и 48-мегапикселната камера на Galaxy A51, нудат реалистичен приказ. Исто така, ултрашироката камера со своето видно поле од 123 степени е прилагодена на човечкото видно поле. Кристално јасниот фокус се постигнува со макро камерата, со снимање до најситниот детал, додека длабинската камера овозможува дополнително истакнување на Live Focus ефектот.

Селфи фотографиите, кои што предизвикуваат восхит, како и висококвалитетните повици, ќе бидат овозможени од камера од 25MP, со фокус во живо, која доаѓа со новиот Galaxy A41 уред. Професионалноста на фотографијата е овозможена и со уредот Samsung Galaxy A21s во склоп на кој, баш како и на Galaxy A41, главната камера има 48MP.

Екран:

Како да го зачините одморот во викендица или пикникот на ќебе на тревна површина? Веројатно со некој филм, серија или книга. Со оглед на тоа дека Samsung Galaxy A серијата доаѓа со опсег на екранот од 6,7 до 6,1 инчи, гледањето на екранот е на зачудувачко ниво. Super AMOLED Infinity-U и Infinity-O екраните, во зависност од моделот, дополнително го зголемуваат искуството.

Батерија:

Samsung Galaxy A серијата е верен сојузник во создавањето спомени преку камерата, како и гледањето на видео содржини. Зошто? Баш заради издржливата батерија и функциите за брзо полнење. Сите уреди доаѓаат со функцијата за брзо полнење од 15W, додека Samsung Galaxy A71 има дури 25W. Големата батерија од 4.500 mAh и 4.000 mAh на Samsung Galaxy A71, односно A51, овозможува исклучителна достапност на уредот во текот на целиот ден. Samsung Galaxy A41 со батерија од 3500 mAh и Samsung Galaxy A21s со дури 5000 mAh батерија, овозможуваат неверојатно корисничко искуство при користење на уредот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7695/samsung-go-pretstavuva-najnoviot-chlen-na-galaxy-a-familijata-modelot-a31/