„Гнев“ е новиот синг на „CONSPIRACY“

Muzicka grupa CONSPIRACY

„ГНЕВ“ е новиот сингл на македонскиoт состав CONSPIRACY. Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција, членовите на бендот го изразуваат ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„ГНЕВ“ всушност е прва композиција на CONSPIRACY којашто е отпеана на македонски јазик со што доживувањето и флуидот на песната меѓу бендот и фановите го прави уште посилно. CONSPIRACY чекорат по својот пат, како што и самите велат во текстот на песната.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со новиот сингл, CONSPIRACY покажуваат дека времето работи за нив и доколку продолжат да чекорат цврсто и бескомпромисно онака како што знаат и умеат, ги чека светла иднина.

„ГНЕВ“ е авторско дело на членовите на бендот Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас). Во снимањето учествуваа Александар Стефановски и Раде Биковски, додека миксот и продукцијата на оваа композиција се дело на тапанарот на бендот Александар Стефановски. Композицијата е мастерирана во Sierra Studios во Атина за што се погрижи  Александрос Крисидис. 

Оваа композиција е проследена со видео запис којшто е дело на Стефан Рајхл, додека за монтажата се погрижи Ристо Душковски. Погледнете го видеото и уживајте!

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: