Кога мајките заминуваат, световите запираат. Сè затреперува. Небото почнува да плаче поради некои свои причини. Земјата почнува да плаче затоа што прима таков дар. Плачат оние што остануваат по неа, на кои мирисот на нејзините бакнежи ќе им недостасува засекогаш.
Кога мајките заминуваат, остануваме посиромашни за неограничената љубов. Никој нема да ги чита нашите очи така како таа. Никој нема да процени по чекорот како си тој ден, или колку те боли светот.
Но, мајките се тлото и небото. Мајките се клучот за ковчегот со богатството. Дишејќи излеваат прошки. Тие се оние што нè носат на овој свет и се молат на сè што слуша, кога ќе им дојде часот да нè остават мирни на светот без разлика колку болно и себично сакаат да доживеат уште некој ден со нас и да нè гушкаат и бакнуваат. Да ни повторат да се чуваме од провев и дека мораме да јадеме овошје. Да бидеме луѓе и да се бориме за себе. Преку сè ќе минат тие лавици, само да нè остават среќни.
Па, еве денес, што наскоро ќе биде утре, прегрнете ја својата мајка. Дозволете ѝ да ве благослови со поглед. Нека ве сака како што знае бидејќи така е најдобро. Дозволете ѝ да ви биде мајка и никогаш да не си замерите за ниедно вчера.