Пандемијата на коронавирус несомнено го промени нормалниот тек на нашите животи. Веќе речиси заборавивме како функциониравме без постојана употреба на средства за дизинфекција или заштитни маски.
Факт е дека нашите животи никогаш повеќе нема да бидат исти, и откако ќе заврши пандемијата. Сепак, покрај коронавирусот постојат и други сериозни болести кои мора да се третираат и лечат…
Денес, подобро од кога било ја сфаќаме добро познатата изрека „Подобро да спречиме, отколку да лечиме“, затоа мора радикално да го смениме начинот на живот и исхраната. Ако одбранбениот систем на вашиот организам е силен, сигурно ќе ве заштити од вируси, бактерии, рак и многу други болести.
Познатиот руски онколог Волф Ласкин објаснува дека природните лековити рецепти се најдобри природни имуномодулатори и онкопротектори. Ласкин вели дека ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и воедно да направите „штит“ против заразните и онколошки болести.
Ласкин тврди дека ренот е растение број еден за имунитетниот систем. Ренот е моќен „сојузник“ во превенција и третман на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Секојдневните инхалации на рен, се многу ефикасни за нашите бели дробови.
Можете да си приготвите и чај од рен за посилен имунитет. Изрендајте два корени од рен во два литра вода и варете на тивок оган околу пет минути. Почекајте да се олади, а потоа додадете мед. Пијте 1/3 шолја од чајот двапати на ден.