
Eкипата на ФК Борец 1919 продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Тие се петтото и шестото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.
Можеби ќе ве интересира:
- Нов случај на телефонска измама во Чашка, 74-годишен маж остана без 14.000 евра
- Ракометниот клуб „Гемиџии“ го започнува своето натпреварувачко деби во Пионерската лига
- Наутро свежо, во текот на денот сончево и ветровито
- (ВИДЕО) Зелени политики, чист воздух и решенија за сообраќајниот метеж, ветувањата на Маја Хеско за Велес
- Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени